Реакција на ЕЛЕМ на соопштението на СДСМ

Од:

Постојните електрани на АД ЕЛЕМ испорачуваат електрична енергија во согласност со потребите на тарифните потрошувачи во Република Македонија. Со тоа компанијата во целост ги пласира најавените количини на електрична енергија кон електроенергетскиот систем врз основа на потрошувачката на овој енергент од страна на домаќинствата и на малото стопанство.

Со тоа, се исполнети и законските обврски да произведува за задоволување на потребите на домаќинствата и малото стопанство. Ова важи и за декември минатата година кога во целост беа испорачани потребните количини енергија за тарифните потрошувачи.

Понатаму, СДСМ упорно манипулира со податоци затоа што увозот за кој зборуваат се однесува на конзумот во кој се вброени и стопанските субјекти што сами си набавуваат електрична енергија на либерализираниот пазар. Најголемиот дел од увозот се однесува на техничките загуби кои ЕВН согласно Законот за енергетика сама ги набавува, како и за потрошувачите кои од 1 април минатата година излегоа на либерализираниот пазар на електрична енергија. ЕЛЕМ уште еднаш го потсетува СДСМ дека увозот веќе три години не е обврска ниту законска можност на АД ЕЛЕМ.

Во однос на мазутот тој не се користи во секојдневното производство на електрична енергија од постојните термоелектрани. Овој енергент се употребува во случаи за поддршка во процесот на согорување на јагленот во котлите во услови на негов променлив квалитет. Во предметниот период во тек е сложен процес на оптимизација на работата на котелските постројки за согорување на јагленот и прилагодување на работата на сите помошни уреди. Во овој процес на подесување на техничките параметри на опремата се јавува потреба од користење на мазут за поддршка на процесот на согорување на јагленот, велат од АД Елем.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски