На неделното собрание на Реал Мадрид беа претставени четирите идејни решенија за идниот изглед на новиот стадион на фудбалскиот клуб Реал.
Четирите идејни решенија досега беа строго чувани од очите на јавноста, а новиот стадион е еден од најголемите адути на претседателот на Реал, Флорентино Перез, со кој ќе се обиде да ја добие довербата на гласачите.