Ја уби девојката што ја порази на изборот за мис

Од:

Дваесетгодишната Бразилка Адјен Матијас која изгуби во финалето на локалниот натпревар за убавина во Карјакики, ја уби победничката Алини Оливеира, а во тоа и помогнале нејзиниот дечко и парнтерот за играње.

Адјан Матијас, нејзиниот дечко Дјевид Кореа, и партнерот за играње Жулирмесон Бастон се обвинети за првостепено убиство , откако победничката Оливеира е пронајдена мртва на 21. септеври во дворот на хотелот, каде за неколку часа требало да снима спот со познат локален бенд, што било и наградата на натпреварот за убавина.

Во неа пукал Дјевид Кореа, а втората придружничка на изборот за мис и Бастон на полицијата подоцна и признале дека го испланирале убиството.

„Тие мислат дека Оливеира зела нешто што им припаѓа ним“, изјави шефот на полицијата Алдроалдо Лопез.

Адјен паднала во депресија по изборот и го убедила својот дечко да ја убие победничката и со тоа да и докаже дека ја сака. Таа верувала дека, кога ќе ја отстрани Алини, ќе ја повикаат како втора на изборот да го снима спотот.

После убиството, Бастон на својата партнерка за играње и испратил СМС, во која напишал „сега можеш да имаш и шунка за доручек“-„шунка“ во Бразил е сленг за леш. Бастон во интервју за Телевизијата Глобо рече дека тој и Адјан Матијас верувале дека ако таа го добие местото во спотот, тоа ќе претставува голема промена и напредок во кариерата за која сонувале.

Кореа ја убил мисицата со два истрели во грбот додека со мотор проаѓал покрај дворот на хотелот. Се смета дека претходно бил во нејзината куќа и во теретана, но после ја пронашол во хотелот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х