Компанијата Епл во последното тромесечие од 2014 година испорачал 73 милиони ајфон апарати, прогнозира Минг-Чи Куо, познат аналитичар на компанијата КГИ Секјуритис.
Ова е зголемување од 43,1 отсто на годишно ниво, односно 85,4 проценти во однос на третото тромесечие во 2014 година.
Кога станува збор за првото тромесечие од оваа година, се предвидува испорака од 61,6 милиони ајфони, што е зголемување од 41 отсто на годишно ниво.
Куо ги обелодени и прогнозите за испораката на ајпади, а тие покажуваат во колкави проблеми моментно се наоѓа таблет секторот. Тој истакнува дека Епл испорачал 21,4 милиони таблети во четвртото тромесечие минатата година. Иако станува збор за зголемување од 73,8 отсто во однос на третото тромесечие, испораката забележала пад од 17,8 проценти во однос на истиот период во 2013 година.
За првото тромесечие од оваа година Куо предвидува испорака од 10,1 милион ајпад таблети. На крајот, Куо прогнозира лансирање на Епл Воч во март, а за тромесечието кое завршува заклучно со март, тој предвидува продажба на 2,87 паметни часовници на Епл.