СДСМ Крива Паланка: Требаше да падне еден дожд да се видат импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ од илјадници евра

Од:

„Требаше да падне еден дожд да се видат импровизациите во илјадиници евра што ги прави власта на ВМРО-ДПМНЕ на грбот на граѓаните.

Велосипедско – ролерската патека во Крива Паланка за којашто власта потроши 250.000 евра пари на граѓаните, градејќи ја надвор од секоја стручна логика, во коритото на Крива Река, сега е во катастрофална состојба.

krivapalankaPateka (2)

Отсечен е асфалт на многу места, однесени се цвеќињата, оштетени се клупи и корпи. Не поради дождот, туку поради неквалитетот и популизмот по секоја цена од страна на власта“, велат од СДСМ Крива Паланка.

krivapalankaPateka (1)

„СДСМ многупати реагираше и укажуваше, но немаше разбирање.

Крива Река надоаѓала и ќе надоаѓа. Носи се пред себе. Потребни се капитални инвестиции на километарски потпорни стени на реката, што ќе спречат штети.

Сега бараме направените штети во коритото на Крива Река да ги санираат советниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Крива Паланка од свои средства, а не повторно од пари на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ Крива Паланка.

krivapalankaPateka (4)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Потрошувачката кошничка порасна за 836 денари, власта нема решение за високите цени

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

СДСМ: Трошоците за живот растат, платите стагнираат

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Љутков да си поднесе оставка поради хаосот во културата

Тројца насилници од тераса турнале познаник