Потонал брод, 10 лица исчезнати

Од:

Десет лица се водат како исчезнати, поради несреќа на кинески рибарски брод кој потона во меѓународните води во близина на јужнокорејскиот остров Чеџуа.

Кох Кванг Сик, припадник на крајбрежната стража изјави дека во моментот на несреќата која што се случи синоќа имало 13 патници на бродот.

Инаку според зборовите на преживеаните патници несреќата се случила кога рибарскиот брод се судрил со товарен брод.

Кох додаде дека три бродови на јужнокорејската морнарица и крајбрежната стража и еден хеликоптер утрово ја пребаруваат областа и дека пронашле само еден празен помошен чамец.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он