Кинески мултимилионер Ванг Џијан Лин за 40 милиони евра ќе откупи 20% од вредноста на акциите на Атлетико Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми.
Како што тврди „АС“ ракодните луѓе на шпанскиот првак Енрике Серезо и Мигел Анхел Хил се договориле со Ванг за продажба на акциите на клубот, кој ќе биде објавена во среда во Пекинг.
Кинески милијардер од претходно ја има купено „Шпанската кула“ во центарот на Мадрид.
Тој според „Форбс“ се наоѓа на 101.место на листата најбогати на светот, а неговото богатство се проценува на 25 милијарди долари.
Ванг богатството, меѓу другото, го стекнал водење бизнис со купување и продавање синџир на киносали низ целиот свет.