Александар Пинзовски го фати светиот крст во Храмот „Св.Димитрија“ во Битола

Од:

Преспанско пелагониската епархија празникот Богојавление го одбележа со централна свеченост во Храмот „Св.Димитрија“ каде пред бројните верници, црковна богослужба одржа митрополитот г. Петар.

Според вековната традиција, во црковниот базен по светиот крст скокнаа дваесеттина момчиња, а најхрабар и најсреќен беше дваесет и три годишниот Александар Пинзовски.

– Многу сум возбуден. Прв пат скокам во светите води, и прв пат го фатив светиот крст. Чувството е прекрасно. На сите им посакувам здравје, среќа…, рече меѓу другото Пинзовски по завршување на чинот на осветувањето и фрлањето на крстот во Храмот „Св. Димитрија“ во Битола.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани