Утре релативно топло време

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло, попладне со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб доумерен ветер од јужен правец.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови од земјата, но претежно ќе бидат со слаб интензитет.

Утринската температура ќе се движи помеѓу минус шест и два, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура околу минус три, а дневната до седум степени.

Во понеделник облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат претежно со слаб, а во западните делови повремено и умерен интензитет.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска