Како ќе изгледа 2015 година во светот на паметните технологии

Од:

Купувањето со помош на паметни телефони првпат оваа година ќе достигне раст од околу илјада отсто во однос на претходната, покажуват резултатите од извештајот на консултантската куќа Делоит.

Делоит предвидува дека 2015-та ќе биде прва година во која ќе бидат решени сите главни барања кои се однесуваат на користењето на мобилната технологија, што ќе го олесни плаќањето по пат на смартфони со соодветна заштита.

Крајот на 2015 година ќе го одбележи ширум светот пресвртницата во употребата на мобилни телефони за купување и плаќање на сметки, бидејќи се создадени предуслови за масовна примена, а се предвидува дека околу десет проценти од вкупната база на паметните телефони ширум светот ќе се користат за плаќање во продавници барем еднаш месечно.

Се предвидува дека пазарот за обновување на паметните телефони првпат ќе ја надмине бројката од една милијарда, а бројот на домаќинствата со широкопојасен интернет ќе се зголеми за околу два отсто, на 725 милиони, додека просечната широкопојасна бризина во повеќе земји ќе се зголеми за 20 отсто.

Се смета дека печатените книги и понатаму ќе доминираат во светот на издаваштвото, со удел од 80 отсто од вкупната продажба на книгите.

Во 2015 година компаниите ќе купуваат, плаќаат или користат повеќе од 60 отсто безжични апарати.

Дроновите оваа година ќе имаат повеќекратна намена во индустријата и органите на цивилната власт, а Делоит предвидува продажба на околу 300 илјади беспилотни летала за цивилни цели.

Во светот оваа година ќе бидат продадени околу 200 илјади тридимензионални печатачи во вредност од 1,6 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ