Сингапурскиот весник „Стрејт Тајмс“ денеска објави список на држави во кои годинава ќе има најмногу празници и врзани викенди, на кој и годинава Индија со 21 празнични денови е на врвот на листата каде што се најмногу се празнува.
Во други држави на континентот Азија државни и верски празници најмногу има на Филипините – 18, а следат Кина и Хонг Конг со 17. Во Тајланд има 16, во Малезија и Виетнам по 15, а во Индонезија 14 празнични денови. Јужна Кореја и Сингапур со 11 дена се сепак подобри од Јапонија во која има двет државни празници.
Според сингапусрската статистика, во Европа има помалку државни и верски празници на кои не се работи. Шведска и Литванија слават најмногу, по 15 дена годишно, а следат Австрија, Белгија и Норвешка со 13. Русите и Финците слават по 12 дена, а со најмалку слободни денови вон годишните одмори се жителите на Велика Британија и Шпанија.
На светската листа најдолу е Мексико, каде што има само седум дена државни празници, но законите во оваа држава дозволуваат работодавачите „во дискреција’’ за празник да прогласат уште неколку неработни денови, по свое наoѓање.