Зголемено загадувањето на воздухот во Кавадарци

Од:

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска упати јавен повик до сите да помогнат во намалување на зголемената загаденост на воздухот во општината.

– Општина Кавадарци и Владата на Република Македонија, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, ја информираат јавноста дека инструментите на пет мерни точики во исто толку градови во Македонија, меѓу нив и Кавадарци, во текот на 5 последователни денови од 7 до 11 јануари 2015 година, регистрираа надминување на прагот на максимално дозволена концентрација на суспендирани честички со големина од 10 микрометри за неколку пати. Овој праг освен во Кавадарци е надминат и на мерните точки во градовите Кичево, Тетово, Велес мерна станица 2 и во скопската општина Гази Баба и населбата Лисиче, стои во писмениот јавен повик од Панов.

Тој апелираше до авто превозниците, особено оние кои превезуваат руда за компанијата „Фени Индустри“ во деновите без ветер и со поголемо загадување да ги користат заобиколните патни правци околу Кавадарци, со цел да се намали загадувањето со микро честички.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов потсетува и на препораките од Владата и од Министерството за животна средина на кои граѓаните се должни да се придржуваат.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак