Екипата на Парма е вториот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.
Фудбалерите на Парма го совладаа Каљари со 2:1 во осминафналниот дуел одигран попладнево.
Гарбриел Палета во 45-тата минута и донесе водство на Парма од 1:0. Во вториот дел. Најнапред гостите преку Марко Сау во 68-минута го израмнија резултатот на 1:1, а Андреа Рисполи во 84-минута го постигна вториот гол за домашниот тим поставувајќи ги конечните 2:1 за Парма.
Со оваа победа Парма обезбеди пласман меѓу осумте најдобри, приклучувајќи му се на Милан кој вчера со 2:1 беше подобар од Сусуоло.
Од осминафиналната рунда, вечерва се игра дуелот меѓу Торино и Лацио, а утре на програмата е средбата Јувентус – Верона.
Останатите четири натпревари од осминафиналето на „Копа Италија’’ ќе се играат следната седмица (20, 21 и 22 јануари), а двојките се: Рома – Емполи, Фиорентина – Аталанта, Интер – Сампдорија и Наполи – Удинезе.