Екипата на Монако е третиот полуфиналист во фудбалскиот Лига куп на Франција.
Монако осминафиналето одигран попладнево во Монте Карло, го совлада составот на Генгамп со 2:0.
Бугарскиот интернационалец Димитар Бербатов со голот постигнат во 8-та минута и донесе предност на домашната екипа. Доминација и предност од играч повеќе по исклучувањето на гостинскиот играч Кристоф Мандане кој во 35-минута заработи црвен картон, домашната екипа ја круниса дури во финишот на средбата, кога вториот гол за „Кнезовите’’ го постигна Антони Мариал во 90-минута.
Со оваа победа Монако им се приклучи на Париз Сен Жермен и Бастија кои синоќа беа подобри во дуелите со Сент Етијен и Рен.
Последниот полуфиналист ќе биде познат вечерва по одигрувањето на натпреварот меѓу Лил и Нант кој ќе започне од 21 часот.