Обединетите нации соопштија дека денеска во Женева ќе почнат преговори меѓу завојуваните фракции во Либија и покрај тоа што една од страните ја одложува одлуката за учество во дијалогот, насочен кон спречување на натамошно ширење на конфликтот.
Двете сопернички влади и нивните сили ја оспоруваат власта во Либија. Меѓународно призната Влада заседава во источниот дел на Либија, откако групацијата наречена „Либиска зора“ го зазеде Триполи минатото лето.
Властите во Триполи соопштија дека нивното законодавно собрание до недела го одложило донсувањето на одлука за учество во преговорите во Женева поради стравувањето во врска со начинот на нивното организирање.
И покрај тоа ОН потврди дека средбата ќе се одржи и нагласи дека специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Либија, Бернандино Леон ќе одржи пред-конференција пред почетокот на преговорите и претстои да биде објавена листата на ученици.