Сепаратистите во Доњецк демантираат дека нападнале патнички автобус

Од:

Министерството за одбрана на така наречената Доњецка народна република ги оцени како дезинформации тврдењата дека „волонтерите“ се одговорни за пукањето врз автобусот со цивили во близина на градот Болноваха, јужно од Доњецк.

– Тоа е провокација од страна на Украина. Волноваха и нејзината околина е надвор од дострелот на нашата артилерија и се контролирани од вооружените сили на Украина. Најблиската батерија на ДНР е во село Телманово, на околу 50 километри од Волноваха, се наведува во соопштението.

Претходно, портпаролот на украинската армија изјави дека најмалку 10 цивили загинаа, а 13 се повредени откако бил гранатиран патнички автобус.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје