Грабар Китаровиќ: Моите изјави не се националистички

Од:

Новоизбраната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ ги отфрли денеска коментарите дека нејзината реторика е националистичка.

Таа ги отфрли пишувањата на „Њујорк тајмс“ дека со повикот на единство ја обновила националистичката реторика од ’90-те години на минатиот век, како и изјавата на шефот на дипломатијата Весна Пусиќ дека како претседателка ќе мора да ја промени националистичката реторика во граѓанска.

Грабар Китаровиќ истакна дека со написот во „Њујорк тајмс“ темата е промашена и оти таа мислела на заедништво на сите граѓани, бидејќи земјата е длабоко поделена.

– Премногу расправаме за идеолошки, а премалку за егзистенцијални прашања. Земјата се наоѓа на работ на банкрот и ние мораме да ја извлечеме од кризата, а тоа го можеме единствено заедно, порача Грабар Китаровиќ во интрвју за сите три хрватски национални телевизии.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик