Колинда Грабар Китаровиќ нов претседател на Хрватска

Од:

Колинда Грабар Китаровиќ освои 50,40 проценти од гласовите на претседателските избори во Хрватска, и неофицијално таа е новиот претседател. Нејзиниот противник, Иво Јосиповиќ освои 49,60 проценти од гласовите.

Во родниот град на Китаровиќ, Дражице, веќе наголемо се слави победата, како и во ХДЗ чиј кандидат беше таа на изборите.

61033309

Премиерот на Хрвтаска Зоран Милановиќ пристигна во изборниот штаб на Иво Јосиповиќ, но не сакаше да се изјасни за победникот на изборите. Тој кратко искоментира дека победата е тесна.

-Ова беше секташка кампања, кога кандидатката се претстави како војник на својата партија. Тој рече дека се враќа криминалното друштво на власт.

-Ние сме држава, тие се ајдуци, рече Милановиќ.

Кандидатот на владеачката партија, Иво Јосиповиќ го призна поразот

-Готово е. Госпоѓата победи, рече тој.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик