Температурата утре до 15-от степен

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло, а кон крајот на денот е можен локален дожд кој преку ноќта ќе преминува во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје слично време, со дневна температура до 10 степени.

Во понеделник на повеќето места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Ќе се формира и нова снежна покривка, особено во западните планински предели со висина од околу 20-ина сантиметри. Преку денот, односно во вечерните часови ветерот ќе се засилува и наместа ќе достигнува до околу 60 километри на час.

Во наредните денови се очекува претежно стабилно и суво време со пораст на температурата.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска