Состанок на кризниот штаб за новиот снежен бран

Од:

Состанок на Координативното тело денеска се одржа во Министерството за транспорт и врски по најавите за нов снежен бран што ќе ја зафати територијата на Македонија.

Според прогнозите на УХМР, нов снежен бран ќе ја зафати територијата на Македонија в недела попладне и в понеделник, но според најавите од УХМР, тој нема да биде со интензитет како претходниот бран.

На состанокот се разговарало за мерки што треба да ги преземе ЈП „Македонија пат“ во врска со обезбедување соодветна опрема и механизација на критичните патни правци за да се овозможи безбеден и непречен сообраќај на возилата.

Од кризниот штаб апелираат до сите граѓани и институции редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска