Утрово многу студено, викендов до 15 степени

Од:

Времето утрово е многу студено. Во седум часот во Скопје-Петровец, Тетово и Берово се измерени -12 степени, во Битола -11, во Прилеп -10, во Скопје-Зајчев Рид и Куманово -9, во Демир Капија, Крива Паланка, Струмица и Кавадарци -8 , во Штип, Виница и Дебар -7 , во Гевгелија, Охрид, Претор и Лазарополе -6 , а во Дојран, Крушево и Маврово до -4 степени.

Како што соопшти УХМР, минималните температури беа -13 степени во Тетово до -5 во Дојран.

Во текот на денот ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде од еден до седум степени.

Во Скопје слично време со температура до два степена.

Висината на снежната покривка во седум часот била 45 сантиметри во Маврови Анови, 33 во Лазарополе, 23 во Крушево, 22 во Пожаране, 20 во Ѓуриште, 13 во Охрид, 12 во Претор, 10 во Тетово и Тополчани, седум во Битола, шест во Прилеп и Крива Паланка, четири во Скопје-Зајчев Рид и три во Скопје-Петровец и Пожар.

Викендов се очекува значителен пораст на температурите, што ќе услови снежната покривка да се топи. Утре во североисточните делови, вклучувајќи го и скопското подрачје, ќе има услови за појава на слаб дожд, но во најголем дел од земјава ќе се задржи суво со умерена до значителна облачност. Во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло со дневна температура меѓу 7 и 15 степени.

Во недела кон крајот на денот ќе потпаднеме под влијание на нов влажен бран, кој ќе предизвика најпрво врнежи од дожд, а овие врнежи во понеделник на повеќето места ќе преминуваат во врнежи од снег, проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Се очекува формирање нова снежна покривка, особено на планините во западните делови.

Од вторник повторно следува стабилизација на времето.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска