Ксиаоми лани испорача повеќе од 60 милиони телефони

Од:

Кинескиот производител на мобилни апарати Ксиаоми од ден во ден остварува се подобри резултати. Во 2014 година компанијата испорачала повеќе од 61 милион смартфони, со двојно повеќе приходи.

Оваа компанија, која неодамна стана трет најголем производител на паметни телефони во светот, испорача рекордни 227 отсто повеќе апарати отколку во истиот период во 2013 година, иако ги одбегнуваше западните пазари, како што се САД, Велика Британија и Австралија. Оваа година се очекува ширење и во остатокот од светот.

– Веруваме дека сите во светот ќе ги почитуваат можностите за уживање во технолошките иновации. Поради тоа остануваме целосно посветени на развојот на светско ниво, изјави основачот на компанијата, која е стара само четири години, Леи Џун.

Компанијата, исто така, го претстави и својот најнов ентри-левел смартфон Редми 2, кој чини само 110 американски долари.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ