Хрватска подготвена да спречи терористички напади

Од:

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ порача денеска во Загреб дека Хрватска е подготвена да спречи терористички напад како вчерашниот врз редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз, во кој 12 лица загинаа, а 11 беа ранети.

– Хрватска не е земја, која е имун на можен терористички напад, но одговор за тоа имаме, тоа значи дека се бориме систематски, наведе Остојиќ пред седницата на Владата.

Министерот нагласи дека пред три дена во Вараждин е пресечен ланец за снабдување со оружје, кој, како што рече, сигурно е поврзан со терористички групации.

Остојиќ истакна дека нема информации дека во Сирија на страната на Исламска држава се борат хрватски државјани и додаде дека исламската заедница во Хрватска е исклучително добро инкорпорирана во хрватското општество.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик