Тачи: Србија постојано крева врева

Од:

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи објави на својот профил на Фејбук дека Србија не може да го надмине „експанзионистичкиот менталитет од минатиот век“, коментирајќи ги изјавите на српскиот претседател Томислав Николиќ дека подготвува план за конечно решавање на косовското прашање.

Тој ја обвини Србија дека отсекогаш сакала да крева политичка врева во врска со нејзините планови за Косово.

– Тие неуспешни планови не се изненадување за нас, како и за оние демократски земји, кои помогнаа за нашата слобода и за независноста на нашата држава, напиша Тачи на Фејбук.

Поранешниот косовски премиер изрази разочарување од таквите чекори на соседната земја, која се стреми да стане членка на Европската унија.

– Мошне добро се познати принципите на кои почива ЕУ. Ние ќе му помогнеме на нашиот северен сосед да излезе од менталитетот на минатиот век, со тоа што ќе го натераме да разбере дека Косово веќе 16 години е слободно, а веќе седум години е независна држава, призната од повеќето држави во светот, нагласи Тачи.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски