Лионел Меси беше на средба со првите тројца капитени на „Каталонците“ денеска наутро, пишува весникот „Спорт”.
Чави Хернандез, Андрес Иниеста и Серхио Бускетс зборувале со Аргентинецот за новонастанатите проблеми во тимот.
Сите сакаат Меси да биде среќен на „Ноу Камп” и да го покажува најдоброто од своите квалитети.
Тие се надеваат дека конфликтот меѓу Луис Енрике и Меси брзо ќе биде заборавен и ќе завладее мир во соблекувалната.