Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус пет, а дневната од минус пет до два степена.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до минус еден степен.
Во наредните четири дена ќе се задржи претежно стабилно и суво, со ниски утрински температури. Во петок се очекува постепен пораст на дневните и утринските температури.