Ким Јо Џонг, помладата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, наводно се омажила со Чое Сонг, син на вицемаршалот Чое Рјонг Хаеа, вториот најмоќен човек во Северна Кореја.
Како што пренесуваат медиумите венчавката не била јавна и немало свадба, туку аналитичарите дошле до овој заклучок благодарение на фотографии кои што се објавени во државните медиуми, а на кои се гледа дека Јо Џонг има прстен на раката.
Судејќи врз основа на датумот на објавување на фотографиите, се претпоставува дека таа се омажила во тек на декември. Се верува дека таа има 27 години, а од неодамна е на функцијата заменичка на директорот на Работничката партија, задолжена за надгледување на партиската пропаганда. Исто како и нејзиниот брат, таа своето образование го завршила во Швајцарија. Инаку нејзиниот свекор во ноември минатата година официјално ја претставуваше Северна Кореја на важни состаноци во Москва.
Е. Г.