Утре снег и силен ветер

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа особено во источните делови и долж Повардарието, засилен ветер кој на моменти ќе достигне брзина до околу 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од минус четири до четири степени.

Во Скопје и околината рано изутрина ќе има повремени слаби врнежи од снег, а преку денот облачноста ќе се намалува и ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до два степена.

Потоа следува период на претежно стабилно и суво, но студено време. Наместа е можно и провејување на слаб снег. Во петок се очекува постепен пораст на температурата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски