„Ксиаоми“ минатата година продал 61,12 милиони паметни телефони

Од:

Кинескиот произведувач на мобилни уреди „Ксиаоми“ објави дека во текот на 2014 година продал вкупно 61,12 милиони примероци од своите паметни телефони.

Компанијата со тоа оствари пораст на испораката од 227 отсто во однос на 2013 година, кога испорача 18,7 милиони паметни телефони. Во текот на првата половина на 2014 година, продаде вкупно 26,1 милиони паметни телефони.

Што се однесува до работењето на самата компанија, „Ксиоами“ во текот на 2014 година оствари приход во вредност од 12 милијарди долари. Компанијата во моментов има 45 милијарди долари, а во текот на третиот квартал на 2014 година стана трет најголем произведувач на паметни телефони, зад „Епл“ и „Самсунг“.

Во текот на 2015 година, „Ксиаоми“ планира проширување на својата понуда на пазарот во Русија, Бразил, Турција, Мексико и во Виетнам, како и да продаде 100 милиони паметни телефони.

Мета

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ