2,2 милиони евра беше цената на споменикот посветен на Првото заседание на АСНОМ, кој е поставен во паркот „Жена – борец“. И сега, само по две и пол години, релјефите изгледаат грдо, кородираат, а некои ликови и не се препознаваат.
Спомениците на Асномците Панко Брашнаров, Кирил Петрушевски, Емануел Чучков, Тихомир Милошевски и Тодор Стојанов – Ѕвездин, Киро Глигоров, Веселинка Велинска и Методија Андонов Ченто, Михајло Апостолски и Бане Андреев, ја покажуваат сета негрижа и неквалитет за големи пари.
Споменикот се состои од 10 четиримератски фигури, излеани во бронза во италијанската леарница „Фернандо Маринели“.
За нивната изработка, транспорт и монтажа се потрошени околу 1,5 милиони евра. Автор на споменикот е Слободан Милошевски. Тој во проектот „Скопје 2014“ учествува и со уште неколку скулптури за фасадата на Министерството за надворешни работи и на Мостот на уметноста.
Од минатата година комплетното одржување на проектот „Скопје 2014“ е во рацете на Град Скопје.