Дождот, кој денеска претпладне паѓаше во Скопје, го намали загадувањето на градот.
Ако вчера загадувањето со ПМ10-честички изнесуваше 372 микрограми на еден кубен метар, што беше речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми, денеска изнесува 150, што е трипати повеќе.
Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, високо ниво на ПМ10-честичките е забележано само во скопските населби Лисиче и Гази Баба, како и во Кичево. Загадувањето во Тетово е средно високо.
Вообичаено, концетрацијата на ПМ10-честички постигнува максимално ниво во вечерните часови, од 22 часот до 1 часот по полноќ.