„Самсунг“ лансира паметен телефон за 90 долари

Од:

„Самсунг“ ќе направи пробив на пазарот на новата генерација паметни телефони што функционираат со оперативниот систем „тизен“, зад кој стои самата компанија.

Првиот телефон „самсунг“ со оперативен систем „тизен“ ќе биде „Z1“ и неговата цена ќе биде 90 долари, објави денеска веб-страницата „Коукотланд“.

За оваа цена, купувачот ќе добие уред што, меѓу другото, ќе доаѓа со екран од четири инча, 800×480, двојадрен процесор од 1,2 гигахерци, работна меморија од 768 мегабајти, простор за чување податоци од четири гигабајти, со мемориска СД-микрокартичка, задна камера од три мегапиксели и предна камера од 0,3 мегапиксели, „3G“ врска и батерија од 1.500 мегаампери на милиампери на час.

Телефонот би требало следниот месец да биде лансиран со верзија „тизен 2.3“ и тоа, на почетокот, само во Индија.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ