Дека Полат Алемдар и неговата дружина се најомилените јунаци во Турција покажува анализата на турскиот весник „Сабах“, според која „Долина на волците“ е најгледана турска серија во септември.
Телевизијата АТВ, на која се емитува оваа серија, собра повеќе гледачи од телевизијата Стар на која се емитува „Сулејман Величенствениот“ која е втора на листата. Токму оваа серија долго време го држеше првото место и беше со најголем рејтинг.
По нив, на трето место е „Времето лета“, емитувана на Канал Д, а последна е „Опасни улици“.