Времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Ќе дува умерен со повремено засилен северозападен ветер.
Минималната температура во интервал од минус 16 до минус 6, а дневната од минус 7 до нула степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Ќе дува слаб умерен северен ветер.
Минималната температура ќе достигне до минус 12 , а максималната дневна до минус четири.
Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Во петок ќе биде студено, особено во утринските часови и ќе има појава на голомразица по патиштата.
Ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец особено ќе се чувствува на повисоките места.
Во сабота се очекува покачување на температурите, а во недела попладне се очекува и ново наоблачување со можни врнежи, но не се очекуваат поголеми количества.