Прилеп со милениумска торта од три метри ја испраќа 2014 година

Од:

Во чест на 1.000-годишниот роденден на Прилеп и во пресрет на Новата година денеска напладне на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ беше послужена милениумска роденденска торта.

Тортата долга три метри и широка 1,5 метар, ја направија прилепските слаткари.

– За милениумската торта која се приготвуваше 5 часа а учествуваа сите прилепски слаткарници беа потрошени 5 часа. Беа употребени 1000 јајца за 1000 години Прилеп, 200 килограми шеќер, 50 килограми маргарин. Изутрината на плоштадот на минус 9 степени ја украсувавме тортата и ни беше посебно задоволство, изјави прилепскиот слаткар Влатко Патоски.

Градоначалникот Марјан Ристески со порака за убави желби ја делеше тортата на најмладите и на прилепчани на плоштадот пред големата бина каде вечер ќе биде организиран и пречекот на Новата Година.

– Прилеп испраќа убава година во која прослави 1.000 години постоење и на симболичен начин ја испраќа годината со милениумска торта. Слатко да заврши и така да почне Новата година која треба да ни донесе убави нешта, рече Ристески.

Вечер прилепчани на пречекот на Новата година ќе ги забавуваат домашни музичари, ќе има наградна и гра и голем огномет.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски