Жителите на островот Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2015 година. Во 11 часот по средноевропско време Новата година пристигна во Независна Република Кирибати.
Независна Држава Кирибати ширум светот е позната по тоа што нејзините жители традиционално први влегуваат во Новата година.
Околу пладне имаше огномет во Оукленд, на Северниот Остров на Нов Зеланд. Во главниот град Велингтон организирана е прослава во парк со оркестар и инсерти од култни филмови.
Жителите на Синдеј веќе уживаа во огнометите, со оглед на тоа дека во градот има трипати огномет до полноќ, со почеток од 21 часот по локално време.
На мостот во Сиднеј исто така е оддадена почит на жртвите на Иранецот,кој пред две седмици 18 луѓе држеше за заложници во едно сиднејско кафуле.
По улиците на Сиднеј ќе патролираат дополнителни 3.000 полицајци.