На баба Роза по 20 години и се јавил заробениот српски пилот да и каже благодарам

Од:

78-годишната Роза Милетиќ во текот на војната во Хрватска во Горски Котор заробила српски пилот чиј МИГ-21 го урнала хрватската против воздушна одбрана. Пилотот и се јавил после 20 години за да и каже „благодарам“.

Авионот бил урнат во 1991. година, а пилотот се спасил со катапулитање. Но како што се спуштил во шумата, паднал во крошната на некое дрво и ја повредил ногата. Останал и без оружје. Експлозијата ја слушнала и Роза Милетиќ, припадничка на 110. карловачка бригада и жител на селото Каменица. Таа раскажува како сo сета сила истрчала до пилотот и почнала да вика кон хрвтаските војници да престанат да пукаат. Со пилотот разговарала за неговата сопруга и за децата и се сожалила за него, му дала кафе и коњак за да закрепне. Го прашала како може врз нив да фрла бомби, а тој и одговорил дека пукал само на воени објекти.

Кога се одлучило дека пилотот треба да биде ликвидиран, Роза не сакала ни да слушне.

„Реков дека пилотот е мој заробеник и дека нема да дозволам да го убијат. Се сетив на мојот татко кој беше убиен од партизаните“, рече Роза.

„Ме слушаа мене момчињата, никој не го ни чепна. И него некоја мајка го родила. Го приведоа, а после направија размена со него. Мило ми е што се јави по толку многу години., јас никого не мрзам, Господ да му даде здравје“, додаде таа.

Во филмот кој е објавен на Јутјуб пред неколку години баба Роза раскажа како помогнала во запленувањето на непријателкиот тенк, што е и наслов на книгата која е напишана за неа „Жената која заплени непријателски тенк“.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари