Предупредувачка жолта фаза со ниски температури во три региони

Од:

Во три региони во Македонија денеска се очекуваат пониски температури кои ја дефинираат жолтата, односно предупредувачка фаза, соопшти денеска Министерството за здравство повикувајќи се на најавата на метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.

– Станува збор за следните три региони: Охрид – Преспа, Полог – Порече и Осогово – Малешево, а во зависност од регионот температурите ќе се движат во следниот интервал: од – 10 до – 17 Целзиусови степени, посебно во утринските часови, се вели во соопштението од Министертвото за здравство.

Ниски температури во овие региони се очекуваат до крајот на неделата.

Од Министерството за здравство посочуваат дека граѓаните од целата држава, а особено од градовите Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Берово… треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од ниските температури, како што се: носење топла облека и соодветни обувки за снег или мраз, редовно конзумирање топли напитоци, избегнување подолг престој на отворено освен ако не е неопходно, како и внимателно движење по лизгави површини.

– Согласно препораките, посебно треба да внимаваат ранливите категории на население, како што се повозрасните и хронично болни лица, кои покрај почитувањето на општите препораки, треба и редовно да ја земаат пропишаната терапија, се вели во соопштението од МЗ.

Детални информации за појавата на студени бранови континуирано се достапни на веб-страната http://www.studenibranovi.mk/.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска