Дирекцијата за заштита и спасување соопштува дека будно ја следи состојбата со временските прилики во државава и доколку има потреба подготвена е да ги ангажира сопствените сили, материјално-технички средства и опрема за отстранување на опасностите и последиците кои би се појавиле при евентуални снежни врнежи од поголем обем.
Според соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување, во текот на денов на потегот Бошков Мост – Лазарополе е ангажирана 1 градежна машина и се користи теренското возило на подрачното одделение за заштита и спасување Дебар. Во општина Кичево се ангажирани две градежни машини, како и по една во Зеленково, Кичево-Стража,
– Дирекцијата за заштита и спасување останува на терен, ангажирана за справување со настанатата ситуација која ја зафати државата, се вели во соопштението