Нова година – прославување

Од:

Авант арт – Белград

Не е точно утврдено од кога се прославува Нова година, но постојат податоци дека таа се одбележувала и во Вавилон пред 4000 години, а во 153 година пне., римскиот Сенат донел одлука 1 Јануари да стане почеток на нова година. Иако е тоа стандардизиран датум, некои народи доаѓањето на новата година го сметаат според други календари. Кинеската година почнува со т.н. Пролетен фестивал, секогаш на ден на втората млада Месечина по краткодневницата, со извесни отстапувања, обично некаде кон крајот на јануари до почетокот на февруари. Еврејската Рош Хашана исто така може да го менува датумот и да падне било кој ден меѓу 6 септември и 5 октомври. Според персискиот календар, се поклопува со пролетната рамнодневница, а на пример во Византија новата година се прославувала на 14 септември.

За Новата година се поврзуваат и многу верувања и обичаи. Се верува дека Кинескиот почеток на годината треба да се дочека во нови влечки. Кинезите пред празникот закачуваат некој црвен украс на вратата, бидејќи тоа е боја на среќа и благосостојба, а еден ден пред доаѓањето на Новата година од домот се кријат сите ножеви, за да не се пресече семејната среќа.

Во Јапонија во текот на декември се одржуваат Боненкаи забави, со цел луѓето сите лоши работи да ги остават зад себе и така да се подготват за нов почеток. За Нова година ѕвоната на будистичките храмови се огласуваат 108 пати, за да се истераат 108 човечки слабости, а потоа сите се смеат за да ги истераат лошите духови од своите домови кои во текот на празниците ги украсуваат со гранчиња од елка за долг живот, стебла од бамбус за благосостојба и слика на расцветана цреша за добрина.

Во Бразил обичај за новата година е да се носи бела облека за среќа и мир, а луѓето кои живеат блиску до морето, одат на брегот да прескокнат седум бранови и да фрлат цвеќе во морето за да им се исполни некоја желба.

Шпанците весело го прославуваат овој празник, а на полноќ, за среќа во текот на сите 12 месеци, јадат 12 зрна грозје. Тоа секогаш е весел чин, бидејќи грозјето треба да се изеде во последните 12 отчукувања на часовникот, значи многу брзо, па младите често се шегуваат на сметка на членовите на семејството и пријетелите, гаѓајќи ги со грозје, засмејувајќи го друштвото или подметнувајќи им маслинки.

За разлика од Шпанците, Кубанците имаат поинаков обичај. Тие јадат цели 12 портокали за среќа.

Уште од средниот век, во Германија владее обичај злобните духови да се растераат со бучава. Во тоа време луѓето оделе по улиците и удирале во разни предмети, подоцна почнале да користат тапани и други инструметни, а денес Нова година задолжително е проследена со величествени огномети, и силни звуци. Во некои делови на Германија се задржал и стариот обичај луѓето да се маскираат и на улиците едни на други да делат ореви или друго тврдо овошје. Огнометот и галамата станаа вообичаена новогодишна атмосфера во светот, што повторно не враќа на Кинезите, творци на оваа пиротехничка забава. Обичај за правење на галама постои и во Италија, каде постои обичај да се фрлаат старите работи низ прозор, бидејќи се смета дека колку галамата е поголема, толку побрзо ќе побегне злото.

Во Австрија Новата година се прославува со свечен ручек кој вклучува печење, симбол на среќа и благосостојба, а за десерт се служи сладолед од ментол во форма на детелина со четири листа.

На Сицилија сметаат дека среќата ги следи тие кои на Нова година јадат лазањи, додека сигурна несреќа ќе донесе било која друга тестенина. Во другите делови на Италија се јадат сосови, колку повеќе сосови толку поголема среќа и благосостојба.

Норвежаните за Нова година сервираат пудинг од ориз или сутлијаш во голема чинија, во кој е скриен еден бадем. На тој што ќе се падне бадемчето се верува дека ќе му донесе голема среќа. Холанѓаните јадат крофни, повторно за среќа.

Грците за Нова година служат василопита, колач посветен на Св. Василиј, основач на грчката црква, чиј ден се поклопува со Новата година. Во питата се крие паричка, па кој ќе ја најде ќе има успешна и среќна нова година.

На Британците им е многу важно кој прв ќе им дојде во домот на овој ден. Пожелно е тоа да биде маж со подароци, а на кого ќе дојде жена во посета, не треба премногу да се радува на успешна година. Традиционални подароци се јаглен за оган, пијалок за домаќинот и леб за трпезата. Пожелно е куќата да има две врати, гостинот да влезе на една, а да излезе на друга врата. Ако доаѓаат повеќе гости во група, никако не смее да влезе прв некој што нема подарок во рацете. Кога ќе отчука 12 часот, главната врата се отвора да и се посака добредојде на Новата година.

Во Данска за Нова година се кршат многу чинии. Старите чинии се фрлаат во полноќ пред врата на пријателите и нивната количина симболизира општествено богатство, т.е. бројот на пријателите.

На Филипините обичај е за Нова година храната најчесто оризот и морските плодови, да се изнесува на улиците и да се дели на сиромашните. Истовремено, Новата година доаѓа со голема галама од рачно направени топови од бамбус.

Панама негува еден интересен обичај, во текот на празниците се организираат клади на кои се палат кукли со лик на познати личности, кои ја одбележале годината. Се смета дека тоа ги истерува злите духови и овозможува свеж почеток на годината.

Иако Финска во текот на зимската сезона е синоним за најпознатиот дедо на светот, кој на ирваси ќе го пропатува светот, постои една стара традиција на Нова година да се предвидува иднината, т.е. што ќе донесе таа, со фрлање на калај во чинија со вода. Врз основа на формата која ќе се добие, се толкува пророштвото. Срце предвидува венчавка, брод патување, а прасе богата година и изобилство на храна.

Кај нас обичаите не се толку екстремни, но постојат разни верувања, од тоа дека нечистата облека треба да се испере оваа ноќ и долговите и сметките да се вратат и платат. Се смета дека првиот ден од новата година треба да се искористи и да се прави нешто корисно, со цел цела година да бидеме вредни. Полниот фрижидер ќе биде знак на благосостојба во годината која доаѓа, а макар некој нов дел на облека ќе спречи во новата година да се повторуваме во многу работи и ќе ни помогне да напредуваме.

И на крај, добри желби и бакнежи за блиските луѓе, секако ќе не израдуваат и насмејат и ќе ја потполнат свеченоста за дочекот на Новата година. 

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски