Синот на архитектот Живко Поповски, автор на ГТЦ, Алјоша Поповски се спротивстави на менувањето на ГТЦ и кажа дека неговиот татко го оставил како аманет и се гордее со овој објект.
– Инспирацијата за овој трговски центар е од Запад, од западна Европа. Нека не ве лажат дека ова е објект од социјализмот, оваа архитектура нема врска ниту со социјализам ниту со комунизам ниту со истокот, туку идејно решение од Западот. Јас често одев со мојот татко на неговите патувања и знам дека беше воодушевен од многу градби во Холандија и Германија.
Поповски рече дека инспирацијата за изгледот на Градски трговски центар е еден трговски пасаж во Ротердам, како и други во Брисел, во Дизелдорф.
Алјоша Поповски нагласи дека собирот за спас на ГТЦ од барокот не е партиски.
Живко Поповски никогаш не бил член на ниту една партија, ниту во стариот, ниту во новиот систем. Ова е општа работа, не е партиска. Горд сум на вас и Живко би бил горд со вас, што сте во толкав голем број, да бидеме независни граѓани на Скопје, рече Поповски.