Скопјани и покрај студентото време и снегот излегоа да направат жив штит околу ГТЦ и со тоа уште еднаш да испратат порака до Владата да не го чепка трговскиот центар.
Со извици „Не го даваме ГТЦ“, жижици, фатени за раце го опколија Градскиот трговски центар и симболичлно го гушнаа да покажат дека нема да дозволат Владата да го уништи и претвори во барок.
Тие порачаа дека ќе се тука и во иднина во поголем број и ќе го одбранат трговскиот центар.
Протестот под мотото „Во Новата година со стариот ГТЦ“ го организираше иницијативата „Го сакам ГТЦ“.