Македонија под снег

Од:

Снегот што од попладнето ја зафати територијата на Македонија на некои места веќе направи снежна покривка и до речиси половина метар.

Според податоците на Управата за хидрометеоролшки работи, најмногу снег досега наврна во Маврово – 46 сантиметри, во Лазарополе – 36, Пожаране – 32 и  во Тетово 22 сантиметра.

Во Скопје е формирана снежна покривка од 9 сенатиметри, во Охрид 5, во Битола 4, а во Прилеп 3 сантиметри.

Снегот, според најавата од УХМР, ќе продолжи интензивно да паѓа и во текот на ноќта, што ќе формира нова снежна покривка која не повеќе места ќе биде со висина од 10 до 40 см. На планинските места ќе има значително зголемување на снежната покривка, локално и над 50 см проследено со силен ветер кој ќе услови и снежни наноси. Ќе дува умерен, долж Повардарието и на исток засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 80км/ч.

Утре ќе се спушта многу студена воздушна маса од север со умерен до засилен северен ветер која во наредните денови ќе предизвика променливо облачно и многу студено време со локален снег и појава на голомразица.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска