Време: Облачно и ветровито, од вечер дожд и снег

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Значително облачно ќе биде во крајните западни делови каде ќе има повремени врнежи од снег. Во источните делови врнежите ќе започнат во вечерните часови и ќе бидат од дожд поради јужното струење кое што ќе донесе и затоплување во атмосферата.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта, каде што на планините се очекува да падне и нова снежна покривка чија што дебелина ќе биде од 20 до 40 сантиметри со што вкупната снежна покривка значително ќе се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд и од снег. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови ќе има спуштање на постудена воздушна маса од север кое ќе предизвика променливо облачно време и постудено, наместа со повремени врнежи од снег.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска