Јордан ќе вложи напори за да го ослободи својот пилот

Од:

Јорданските власти соопштија дека ќе ги вложат сите напори за да го ослободат својот пилот, кого го заробија припадници на ИСИС во близина на градот Рака во Сирија.

Како што пренесе „Франс прес“, авионот „Ф16“ кој бил во мисија на здружената коалиција над Сирија според тврдењата на ИСИС и сириската Опсерваторија за човекови права го собориле нејзини припадници со противавионски ракети, додека Вашингтон тоа го негира истакнувајќи дека авионот се урнал.

Инаку со првиот изгубен авион на меѓународната коалиција која изведува воздушни напади против Исламска држава во Сирија, управувал поручник од прва класа на јорданскитевоздухопловни сили Мааз ал Касасбех(26).

Сунитските екстремисти на ИСИС од овој настан се обидуваат да направат голема пропагандна победа, објавувајќи голем број фотографии од заробениот јордански пилот.

Шефот на Централната команда на САД, Лојд Остин изјави дека Америка ќе ги поддржи напорите за безбедно ослободување на пилотот и нема да ги толерира настојувањата на ИСИС погрешно да го претставува и експолоатира овој несреќен пад на авионот за свои цели.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт