CLAXI – Нова мобилна супер-едноставна такси-апликација за прв пат во Македонија

Од:

а прв пат во Македонија не ви е потребен телефонски повик за да повикате такси! Отсега тука е Claxi, нова бесплатна мобилна апликација, која е достапна за сите андроид корисници, а многу скоро и за корисниците на IOS. Бета верзијата која стартува во Скопје и Куманово, со потенцијал и за другите градови во Македонија и пошироко. Согласно со барањата на патниците и на возачите, CLAXI ќе се шири и низ другите градови и региони.

          Повикувањето такси никогаш не било полесно. Повиците, чекањето и високите цени стануваат минато со оваа нова мобилна апликација. Claxi ви овозможува со едноставен клик, да одберете такси според цената која ви е понудена од страна на самиот таксист, освоениот рејтинг на таксистот кај претходните корисници или избор според времето на чекање на таксистот.
Од друга страна пак, таксистите ќе имаат можност за повеќе повици, директна комуникација со патниците, полесно лоцирање на истите, намалување на празните километри и можност самите да си ја одредат цената и попустот, како и да приложат дополнителни информации за моделот на возилото(слика), бројот на возилото и регистарските таблички, бојата, дали возилото е климатизирано или не, информации за возачот (слика), име и презиме на возачот, име на компанијата и време на чекање.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ