Денеска до 16 степени, од недела -9

Од:

Заладување и спуштање на температурата до минус девет степени се очекува за викендот. Намалување ќе има и на дневната температура при што максимумот ќе биде четири степени, а се најавуваат и врнежи од снег на пониските места. Топол ден со температура до 16 степени ќе имаме уште утре.

Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија најавуваат дека од петок попладне и вечерта се очекува продор на студена воздушна маса проследен со умерен до засилен северен ветер, нагло опаѓање на температурата и врнежи кои на повеќето пониски места ќе преминуваат во снег.

Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне кога ќе се формира и снежна покривка. Дневната температура во сабота ќе биде во просек за 10 до 15 степени пониска во однос на денешната.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска