Роберт Мугабе, претседателот на Република Зимбабве, вчера одржа говор пред Генералното собрание на ОН, и при тоа се осврна на говорот на американскиот претседател, кој го искористи своето излагање пред Собранието уште еднаш да го осуди убиството на американскиот амбасадор Кристофер Стивенс во Либија. Мугабе истакна дека сите го осудуваат ова убиство, но затоа пак САД не го осуди бруталното убиство на либискиот лидер Моамер Гадафи.
Мугабе (88), остро ги критикуваше САД и НАТО инвазијата на Либија, но особено африканските држави, кои молчеа додека паѓаа бомби на Либија, истакна дека убиството на Гадафи е голема и трагична загуба за цела Африка. Исто така, укажа дека НАТО и САД срамно го користат членот 7 на ОН и со измама ја започнаа агресијата против Гадафи, неговото семејство и либискиот народ.