Време: Сончево со слаба магла

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево. Претпладне ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје сончево време, со слаба магла претпладне. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

До четврток ќе преовладува стабилно и суво време, претежно со појава на магла по одделни котлини. Утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.

Од петок попладне ќе има зголемена облачност со умерен до засилен северен ветер и локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска