Северна Кореја, како одговор на непријателскиот став на САД кон оваа држава, ќе го зголеми својот нуклеарен потенцијал, изјави денеска порпаролот на Министерството за надворешни работи во Пјонјанг.
Севернокорејската новинска агенција КЦНА додава дека најавата е одговор на заканите кон Северна Кореја според кои Меѓународен кривичен суд треба да почне процес поради кршење на човековите права.
– САД сакаат да ја окупираат нашата земја под превез на заштита на човековите права, а кога ова ни стана јасно денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров како идеја веќе не е валидна, се вели во соопштението на севернокорејанското Министерство за надворешни работи.
Реакцијата од Пјонгјанг дојде по инсистирањето на САД Советот за безбедност на Обединетите нации да го стави на дневен ред извештајот за човековите права во Северна Кореја, објавен во февруари годинава. Во тој извештај се наведени бројни кршења на човекови права, вклучувајќи масовни затвори, систематска тортура со изгладнување и убиства на противниците на режимот кои се споредуваат со ерата на нацистичкото масовно убивање.